Германската економија забавува

Никола Саркози и Ангела Меркел

Економскиот раст на Германија е речиси запрен помеѓу април и јуни,во периодот кога инвеститорите стравуваа дека светската економија ќе се забави уште повеќе, покажуваат новите финансиски извештаи.
Кварталниот раст од само 0,1 проценти за Германија, која е најголема економија во Европа, е под очекуваните 0,5 проценти.
Извештаите се објавени на само неколку часа пред средбата на францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел во Париз. Тие треба да разговараат за понатамошните мерки за излез од должничката криза во која западна еврозоната.