Русија ќе промовира ново борбено летало

Русија денeска треба да го престави најновиот борбен авион од типот Сухој Т-50. Авион кој е заеднички проект на Русија и Индија,својот прв лет го направи во воздухопловната база на Далечниот Исток во јануари 2010 година, но денеска ќе има своја прва промоција пред пошироката јавност во близина на Москва. Руски официјални лица велат дека конечната верзија на двомоторниот борбен авион нема да биде готова до крајот на 2016 година.