Сиријските сили со тенковски напад врз градот Латакиа

Латакиа

Сиријските сили со тенкови пукале врз пристанишниот град Латакиа во обид да го задушат отпорот на противниците на претседателот Башар Ал Асад. Според активисти, најмалку 30 луѓе загинале, а градот останал без струја и вода. Според Обединетите Нации, поради гранатирањето на Латакиа, илјадници палестински бегалци биле пинудени да го напуштат кампот во тој град.