Илјадници палестински бегалци напуштаат камп во Сирија

Латакија

Повеќе од 5000 палестински бегалци го напуштиле кампот во опколениот сириски град Латакија, откако силите на претседателот Башар ал Асад го ракетирале градот во рамките на воената акција против неистомислениците. Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци UNRWA соопшти дека не е познато каде бегалците побарале засолниште. Портпаролот Крис Гунес изјави дека барале одобрение да влезат во кампот во кој имало околу 10 илјади бегалци за да утврдат што се случува.
Во вчерашниот напад на Латакија на копнените сили во помош им дојдоа хеликоптери на сириската воена морнарица. Од саботата во овој град на Медитеранот загинале 30 луѓе, а локални активисти страхуваат дека тој број може да биде и поголем.