Либиските бунтовници негираат дека разговораат со Гадафи

Либиските бунтовници демантираа дека преговараат со режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи, а и ОН исто така негираа дека нивниот специјален пратеник за Либија Абдул ал Хатиб е инволвиран во разговорите кои наводно се одвиваат во Тунис. Заменик портпаролот Фархан Хак изјави дека ОН немаат конкретни информации за разговори меѓу Националниот преоден совет и пратеници на Гадафи, кои се водат во Тунис. Тој потврди дека Хатиб се наоѓа во оваа земја, но на средби со туниски официјални претставници.
Во меѓувреме, жестоките судири во Либија продолжуваат.