Израел продолжува да гради во Западниот брег

Израел вчера одобри изградба на 277 станови во еврејската населба Ариел, која се наоѓа најдлабоко во Западниот брег, и покрај меѓународните критики поради продолжувањето на градењето на земја која Палестинците сакаат да биде дел од нивната идна држава. Градењето во Ариел е трет проект што Израел го одобри во последните неколку дена во спорната област.
Американскиот Стејт департмент ја нарече оваа одлука длабоко проблематична. Портпаролот Викторија Нуланд изјави дека ваквите акции се контрапродуктивни за продолжување на директните преговори меѓу Израелците и Палестинците.