Норвешка- Во петок ново сослушување на Бреивик

Андрес Бехринг Бреивик

Судот во Осло во петок треба да одлучи дали ќе ја продолжи одлуката осомничениот за напaдите од 22 јули, Андрес Бехринг Бреивик да остане во самица. Судските службеници мора да одлучат и дали сослушувањето на осомничениот за нападите во кои загинаа 77 луѓе, да биде јавно или да се одржа зад затворени врати.
Јавната расправа ќе предизвика големо медиумско вниманието и ќе претставува нов безбедносен предизвик за полицијата, со оглед на тоа што Бривик побара да се појави во судот.
На 25 јули, судот одлучи Бреивик да остане осум недели во притвор, од кои четири недели во самица. Неговото прво сослушување се одржа зад затворени врати.