Постигнат договор за српскиот јазик во Црна Гора

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ и претставниците на опозицијата денеска се договорија за употребата на српскиот јазик и за државјанствата, што беше еден од предусловот на опозицијата да обезебдат двотретинско мнозинство во Парламентот за усвојување на изборниот закон.
Лукшиќ денеска имаше тричасовна средба со претседателот на Социјалистичката народна партија Срѓан Милиќ, со лидерот на Новата српска демократија Андија Мандиќ, со потпретседателот на Движењето за промени Бранко Радуловиќ.
Црногорската влада се согласила да ги прифати измените за Законот за општото образование и за државјанството, со што би се пристапило кон усвојување на изборниот закон, што е прв предуслов Црна Гора да добие датум за претпристапните преговори со Европската унија.