Судењето на Мубарак одложено за септември

Судот во Каиро го одложи судењето на поранешниот претседател Хосни Мубарак за 5-ти септември и забрани телевизијата да го пренесува во живо судскиот процес.
Судијата нареди и судењето на Мубарaк да се спои со тоа на поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ел Адли.
Мубарак денеска се појави во судница каде требаше да му се суди за
обвиненија за корупција и нарачување на убиствата на демонстрантите за време на протестите против неговото владеење. Тој се соочува со смртна казна ако биде прогласен за виновен. Поранешниот претседател и денеска во судот беше донесен на болнички кревет.