Нов обид за обнова на разговорите меѓу Иран и западните сили

постројка за збогатување ураниум во Иран

Руски висок преставник денeска ќе отпаува во Иран на средба со тамошниoт државен врв во обид да се обноват разговорите меѓу запaдните сили и Иран за неговата контрaверзна нуклеарна програма.
Во разговорите кои беа прекинати во јануари се вклучени Велика Британија, Кина, Германија, Русија и САД.
За време на неодамнешната посета на Вашингтон, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го изнесе рускиот предлог, според кој Иран би прифатил да одговори на прашањата за нуклеарната програма, а западните сили постепено за возврат треба да ги олеснуваат санкциите наменети за Иран.