На Косово, уапсени за трговија на луѓе

Косовската полиција уапсила 19 лица во околината на Гњилане под сомневање за трговија со луѓе и проституција. Меѓу уапсените, како што јавуваат агенциите, шест лица биле од Косово, а сите 13 жени во групата биле од српска националност. Во косовската полиција соопштија дека акцијата продолжува.