Мубарак повторно во судница

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак денеска повторно се појави пред судот во Каиро за обвинувањата дека наредил убиства за време на протестите против неговото владеење. Доколку тоа биде докажано, нему му се заканува смртна казна. Мубарак, заедно со неговите два сина е обвинет и за корупција. И овој пат, како и на првото појавување, 83 годишниот Мубарак беше донесен на кревет. Стотици полицајци се распоредени пред судот, каде што се собраа неговите приврзаници, но и неговите противници.