Регулаторната комисија со нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да донесе одлука за нови цени на нафтените деривати, кои поскапеа во минатата недела по враќањето на акцизите на нивото од април. Малопродажните цени на горивата во средата беа зголемени за скоро 4 проценти, со што бензините поскапеа за пет, а дизелот за три денари. Регулаторната комисија за енергетика ја утврдува цената на бензините врз основа на движењето на нафтата на светските берзи и односот на доларот спрема еврото во последните две недели. Во изминатите две недели цената на нафтата на светските берзи е во постојан пад.