Рикер на средба со Бесими и Црвенковски

Филип Рикер- заменик помошникот државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими ќе оствари средба со Филип Рикер- заменик помошникот државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот. Рикер по разговорот со Бесими ќе има средба и со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски.