Хјуман Рајтс Воч-сите се виновни во конфликот во Сомалија

Сомалиските граѓани чекаат ред да добијат помош во бегалски камп во Могадишу

Хјуман Рајтс Воч соопшти дека во Сомалија се вршат сериозни прекршувања на меѓународните закони. Според извештајот не се знае кој треба да биде посочен како виновник, бидејќи сите кои се вмешани во конфликтот треба да прекинат со употребата на сила против цивилите и да се уверат дека граѓаните имаат пристап до помош.
Сомалиската влада како што се вели во извештајот мора да ја подобри состојбата со човековите права или нејзините западни поддржувачи ќе размислат дали и натаму ќе бидат на нејзина страна.