Уапсен лидерот на Курдската работничка партија во Иран?

Лиддерот на Курската работничка партија, Мурат Карајилан

Иранските новински агенции објавија дека де факто лидерот на Курдската работничка партија е уапсен од страна на Исламската револуционерна гарда. Агенциите го цитираа првиот човек на комитетот за безбедност при иранскиот Парламент, според кој Мурат Карајилан бил уапсен. Но дополнителни детали не соопштија.
Во последниве години Карџалан се криел во близина на границата со Турција, од каде ги организирал нападите во земјата.