Десетти триумф на Петар Стојчев на Охридскиот пливачки маратон

Бугаринот Петар Стојчев победи на денешниот 25-ти по ред Охридски пливачки маратон.Ова е десета победа на Стојчев.
Патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри Стојчев ја исплива за 5 часа и 35 минути.

Со триумфот во Охрид Стојчев го обезбедува првото место и во генерален пласман на Светската ранг-листа за 2011 година, со освоени 101 бод.

Маратонците од Македонија Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев ги освоија второто и третото место, што е најголем успех на македонските пливачи во две и полдецениската историја на обновениот Охридски пливачки маратон.