Мјанмар- лидерката на опозицијата се сретна со илјадници подржувачи

Лидерката на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Чи била пречекана од илјадници поддржувачи за време на нејзиното прво политичкo патување надвор од главниот град Рангун откако беше ослободена од домашен притвор во ноември минатата година. Лидерката на опозицијата им се обратила на илјадните луѓе собрани во градот Баго, повикувајќи ги да бидат трпеливи се додeка не се донесат демократски промени во земјата. Таа изјавила дека ќе стори се да го оствари она што го сакаат луѓето,а за тоа и треба нивната подршка.
Су Чи, ги посетила и жителите на градот Танатпин.