Италија- синдикатот најави штрајк против мерките за штедење

премиерот Силвио Берлускони.

Лидерот на најголемиот синдикат во Италија се закани со генерален штрајк во знак на протест против економските планови за штедење поддржани од владата на премиерот Силвио Берлускони.
Сузана Камусо изјави дека штрајкот е единствениот начин да се смени нееднаквоста во примената на мерките за штедење. Критичарите велат дека со мерките најпогодена ќе биде средната класа
Мерките за штедење, кои се комбинација на намалување на трошоците, работните места, и зголемување на даноците, беа усвоени од владата на Берлускони во петокот, како одговор на барањата од Европската централна банка, да се намали долгот на земјата.Планот допрва треба да биде усвоен од страна на италијанскиот парламент. Италија е трета по големина економија во еврозоната, но има најголем долг во еврозоната.