Талибанците ја презедоа одговорност за нападот во Парван

Човек поминува пред канцеларијата на гувернерот во Парван

Талибанци бомбаши-самоубијци се виновни за нападот на гувернерските канцеларии во авганистанската провинција Парван, соопштија тамошните власти. Во нападот загинаа најмалку 22 луѓе, а 34 се повредени. За време на нападот во комплексот на гувернерски згради се одржувал состанок за безбедносните прашања во Авганистан. Од жртвите,16 се државни службеници а шест се полицајци. Од авганистанското Министерство за внатрешни работи велат дека шест бомбаши-самоубијци и еден вооружан човек го нападнале комплексот на гувернерот.