Авганистан- расте бројот на жртви по нападот во Парван

Архива

Најмалку 19 луѓе загинале а 37 се повредени во самоубиствен напад врз канцелариите на гувернерот во авганистанската провинција Парван, соопштуваат болнички извори. Најголем дел од загинатите се државни службеници, а меѓу жртвите има и пет полицајци. Од авганистанското Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека шест бомбаши-самоубијци и еден вооружен човек го нападнале комплексот. Сведоци велат дека се слушнале две силни експлозии и истрели. Во Авганистан во последните неколку месеци, бунтовниците преземаат акции врз преставници на власта, во такви напади досега загинаа неколку гувернери на авганистански провинции.