Авганистан- Во нападите во Парван, најмалку 16 загинати

Најмалку 16 луѓе се убиени а 29 повредени во бомбашките напади на гувернерската резиденција во авганистанската провинција Парван, јавуваат болнички извори. Најголем дел од убиените и повредените се вработени во канцеларијата на гувернерот. Најмалку шест бомбаши самоубијци и еден вооружан човек го нападнале комплексот каде гувернерот држел состанок. Талибанците во последните неколку месеци напаѓаат високи владини преставници, во нападите досега загинаа неколку гувернери на авганистански провинции.