Либиските бунтовници го зазеле градот Завиџан

Либиските бунтовници соопштија дека ја презеле контролата на градот Завиџан, кој се наоѓа на околу 50 километри западно од главниот град Триполи. Бунтовниците соопштуваат дека ја презеле контролата на градот по тешка борба против силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи. Бунтовниците ги оставиле своите знамиња во градот, каде се уште можело да се забележат снајперисти од војската на Гадафи, велат очевидци. Бунтовниците сега велат дека нивна следна цел е главниот град Триполи.