Лондон- Прво судење за убиства за време на немирите

Лондон, 8 август 2011

Eден возрасен маж и еден тинејџер денeска ќе се појават пред судот во Велика Британија, поради oбвиненија дека убиле тројца мажи кои се обидувале да го одбранат своето соседство од ограбувачите за време на немирите изминатата недела. Тие се првите обвинети за смртни случаи кои се случија за време на најжестоките безредија во Велика Британија во последните неколку децении. Нередите започнаа во Лондон минатата сабота и се проширија и во другите големи градови во Велика Британија. Вкупно 509 луѓе се уапсени за учество во насилствата.