Авганистан- убиени осумте киднапирани полицајци

Бунтовниците ги убиле осумте припадници на авганистанските безбедносни сили кои беа киднапирани вчера, соопштија авганистанските власти. Талибанците ја презедоа одговорноста за убиствата.
Вчера во централен Авганистан, во провинцијата Вардак, беа киднапирани пет полицајци и тројца припадници на Националниот директорат за безбедност . Во истата провинција пред една недела во хеликоптерска несреќа загинаа 30 американски и 7 авганистански војници, како и еден преведувач. И за тој напад Талибанците ја презедоа одговорноста.