Рикер- Охридскиот договор е модел на 21 век за спречување граѓански војни

Филип Рикер

Oхридскиот рамковен договор е добар модел, решение на 21 век за спречување граѓански војни, разурнувања и спасување многу животи. Такви страдања видовме во други делови на овие простори, во војните во Босна и Косово. Вие во Македонија успеавте тоа да го спречите и треба да се гордеете со тоа. Меѓународната заедница помогна, но останува фактот што вие самите тоа успеавте да го постигнете и токму затоа веруваме дека Рамковниот договор е важен за иднината на земјата. Неговото доследно имплементирање треба да биде насоката преку која ќе се надминуваат предизвиците и проблемите кои постојат во сите држави, особено во мултикултурните средини, рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер.
За вчерашните разговори со лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговите барања за поголема вклученост на меѓународната заедница во изнаоѓањето решение за спорот со Грција за името, Рикер го повтори ставот дека тоа е прашање што мора двете држави сами да го решат.
„Би ви предложил да ги прашате вашите лидери, што прават тие за надминување на тој проблем, рече Рикер.