Документарен филм за Рамковниот договор

За десетгодишнината од Рамковниот договор, премиерно ќе биде прикажан 50-минутен документарен филм „10“ за преговорите и медијацијата во Охрид што доведе до потпишување на Договорот.
Филмот е во продукција на агенцијата „Партес“, која продуцира специјализирани медиумски проекти со социјална тематика, пред се за странскиот пазар.
„Филмот се занимава со предизвиците, политичките, но пред се со интимните емотивни предизвици низ кои учесниците во преговорите поминуваа во периодот на конфликтот во 2001 година. Од денешна дистанца филмот зборува и за тешките и деликатни одлуки што морале да ги донесат под различни притисоци на кои биле изложени - конфликтот, насилствата, политичкиот момент, меѓународната заедница, иднината на земјата,“ изјави режисерот на документарецот Небојша Илијевски.
Уредник на филмот е Назим Рашиди, а консултант Зоран Бојаровски.
Документарецот е изработен со поддршка на амбасадите на САД и Норвешка во Скопје.