Италија со пакет за штедење од 45 милијарди евра

Италијанската влада синоќа го одобри пакетот мерки за намалување на буџетските трошоци од 45 милијарди евра во наредните две години, по брање од Европската централна банка. Владата го одобри пакетот и покрај големите критики дека предвините мерки за штедење не се рамномерно распоредени во општетството. Премиерот Силвио Берлускони изјави дека со новите мерки се овозможува стопански раст на земјата.