Во Охрид продолжува собирот за Рамковниот договор

Денеска во Охрид продолжува вчера започнатата конференција посветена на 10 годишнината од Рамковниот договор со кој беше завршен оружениот конфликт во Македонија 2001 година. На отворањето шефот на државата Ѓорѓе Иванов изјави дека историјта покажала оти е неопходно да се оствари мир за да се овозможи развој на демократијата. На првиот дел од собирот не учествуваа никој од најавените потписници на Договорот. Во судирите меѓу припадниците на албанското малцинство и македонските власти кои треа шест месеци загинаа 80 луѓе. Конфликтот заврши со Рамковниот договор кој по едномесечно усогласување на 13 август беше потпишан во Скопје.