Талибанците одговорни за експлозиите во Пешавар

Пакистанските талибанци ја превзедоа одговорноста за бомбашкиот напад на жена самоубиец во Пешавар, при што загинаа две жени, како и за уште една подметната бомба вчера, од која настрадаа 6 лица. Инаку, денеска во Пешавар бил нападнат полициски конвој кој превезувал уапсени милитанти, при што биле убиени тројца полицајци. Најмалку двајца затвореници успеале да избегаат.