Неформален самит за безбедноста во Централна Азија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска во главниот град на Казахстан, Астана, учествува на неформалниот самит на Организацијата за колективна безбедност. Лидерите на Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан ќе расправаат за безбедноста во централна Азија, вклучувајки ја и ситуацијата во Авганистан, како и за актуелните случувања на Блискиот Исток и северна Африка.