4 земји од ЕУ го забранија краткорочното тргување на берзите

4 земји од Европската Унија од денеска привремено го забранија краткорочното тргување на берзите поради европската должничка криза и проблемите на светската економија. Регулаторното тело за берзи на Европската Унија соопшти дека краткорочното тргување е забрането во Франција, Италија, Шпанија и Белгија со цел да се стабилизираат берзите.