Обама и Ердоган телефонски разговарале за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се согласиле дека во Сирија треба да се изврши „транзиција кон демократија“. Белата Куќа соопшти дека двајцата лидери разговарале телефонски вчера, откако беше јавено дека најмалку 12 лица загинале во Сирија во офанзивата на владините сили против демонстрантите кои бараат промена на власта.
Американски официјални претставници наведуваат дека администрацијата на претседателот Обама ја разгледува можноста наскоро директно да го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да ја напушти власта.