Руски олигарх предлага Русија да го воведе еврото

Рускиот милијардер Михаил Прохоров, кој политички се активираше, денеска предложи Русија да го воведе еврото. Тој храбар потег ќе ја спаси Европа, изјави Прохоров,на првата прес-конференција откако стана лидер на партијата Вистинска причина. Доколу Русија го воведе еврото, ќе биде поблиску до Европа. Новиот политичар предлага Русија да влезе во шенген зоната и во еврозоната. Прохоров вели дека создавањето на „Голема Европа од Лисабон до Владивосток“ ќе и помогне на Русија да стане една од водечките економија, а ќе допринесе и до спасување на европските земји од банкрот. Прохоров се смета за еден од најбогатите 50 луѓе во светот.