Расте бројот на невработени во Грција

Грчкиот завод за статистика денеска соопшти дека стапката на невработеност во мај изнесувала 16,6 отсто, што е скок во однос на 12-те отсто во истиот период лани, како и во однос на 15,8 отсто во април годинава.
Во соопштението се наведува дека во Грција во мај имало 220.534 повеќе невработени отколку во мај 2010 година, што е раст на нивниот број од 36 отсто, пренесуваат агенциите.
Во Грција која има 11 милиони жители, регистрирани се 822.719 невработени.
Европските лидери минатитот месец го одобрија вториот пакет финансиска помош за Грција во износ од 109 милијарди евра, додека владата воведе остри мерки за штедење, со зголемување на данокот и намалување на платите и пензиите во јавниот сектор.