Французите повеќе и веруваат на Меркел, отколку на Саркози

Францускиот народ има повеќе доверба во германската канцеларка Ангела Меркел отколку во нивните претседател Никола Саркози, што се однесува до справувањето со економска криза, покажуваат анкетите.
Анкетата, објавенa еден ден откако акциите на француската банка Сосиете Женерал забележаа пад на берзите и по шпекулациите дека Франција е следна на која ќе и биде намален кредитниот рејтинг, покажа дека 46 отсто од испитаниците ја поддржуваат Меркел и нејзиниот тим во споредба со 33 отсто кои гласале за Саркози и неговата влада.
Саркози се најде и зад американскиот претседател Барак Обама, кој има доверба од 37 отсто од испитаниците,на онлајн анкета спроведена од страна на Харис Интерактив.