Сирските сили влегле во уште еден град

Сириски активисти за човекови права денеска јавија дека војници и тенкови влегле во уште еден град во северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Турција. Станува збор за градот Саракеб каде што војниците веднаш почнале да вршат рции и да апсат луѓе кои протестирале против режимот на претседателот Башар ал Асад. Се верува дека над 2 илјади луѓе биле убиени од почетокот на антивладините протести во март годинава. Советот за безбедност на Обединетите нации побара итен прекин на насилството.