Во Авганистан убиени 5 НАТО војници

Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека во експлозија на мина на еден пат во јужниот дел на земјата денеска загинале петмина војници на Алијансата. Притоа не се наведуваат други детали. Во меѓувреме, талибанците остануваат на тврдењето дека нивните припадници кои го собориле американскиот хеликоптер во изминатиот викенд се уште биле живи. Претходно американската војска соопшти дека успеала да ги убие оние што во саботата го собориле хеликоптерот при што загинаа 30 американски војници.