Вонредна седница на британскиот парламент поради немирите

Британскиот парламент денеска треба да одржи вонредна седница на која ќе се дискутира за насилствата кои во изминативе неколку дена настанаа во неколку места во Обединетото кралство. Премиерот Дејвид Kамерон ги повика пратениците да ги прекинат своите одмори и најави дека ќе предложи построги мерки против демонстрантите. Камерон рече дека на полицијата ќе и биде дозволено да употребува водени топови како и пластичпни куршуми. Вчеравечер наводно немало нереди во повеќе градови низ Британија. Полицијата соопшти дека повеќе од 1.100 лица биле уапсени од почетокот на немирите во саботата, кои настанаа поради тоа што полициските сили фатално застрелале човек.