Бензините поскапуваат за пет, а дизелот за три денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за пет, а дизел горивото за три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Како причина за зголемувањето на цените од Регулаторната комисија го посочуваат враќањето во сила на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќаат при увоз или производство на нафтени деривати, како и акцизата кај одделни нафтени деривати кои претходно Владата ги укина во функција на намалување на цената.