Уште еден лош ден на светските берзи

Берзите во Соединитите држави денешниот ден го започнаа со пад на индустрискиото индекс. И тргувањето на европски берзи и денеска продолжи со пад.
Пад на берзите има во Италија, Франција, Германија, Шпанија и во други европски градови, како реакција на тоа што кредитната агенција „Стандард и пурс“ им го намали кредитниот рејтинг на САД, на 5 август, од ААА на АА+ .
Гласините дека Франција е следна за намалување на рејтингот резултираа со падот на акциите на француската банка Сосиете генерал за 3,8 проценти.
Италијанските акции паднаа за повеќе од 6 проценти, шпанските за 4,7 проценти, а британските бележат пад од 3 проценти.