Саркози побара дополнителни мерки за кратење на дефицитот

Францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози им наредил на министрите за финансии и за буџет да се излезе со дополнителни мерки за намалување на јавниот дефицит поради загриженоста дека Франција би можелo да биде следната земја на којa ќе и биде намален кредитниот рејтинг ААА .
Рејтинг агенција „Стандард и пурс“ минатата недела го намaли рејтингот на САД од ААА на АА +.
Смената на рејтингот, како и финaнсиските пробеми на европските земји, предизвика страв од нова рецесија и пад на акциите на светските пазари.
Саркози го прекиа одморот за да одржи итен состанок на кабинетот, посветен на светските финансиски проблеми.