Силите на НАТО убиле четворица авганистански полицајци

авганистански трупи

Војниците на НАТО убија четворица авганистански полицајци во јужната провинција Кандахар, соопшти авганистанската влада. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека четворицата авганистански полицајци биле убиени во вторникот вечерта.Од НАТО соопштуваат дека инцидентот се истражува и дека на истрагата работат заедно со авганистанските власти.
Локален началник на полицијата вели дека избиле воружени судири помеѓу полските војници и авганистанската полиција во близина на странската база во провинцијата Газни. Од ИСАФ мисијата го потврдија инцидентот.