Британската полиција го возвраќа ударот

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска вети дека ќе стави крај на насилството на улиците во земјата, и најави доколку е потребно полицијата ќе употреби и водени топови против демонстрантите.
Камерот рече дека било потребно да се реагира на насилството и тие ќе возвратат на ударот. На итниот кризен состанок се договориле водените топови да бидат подготвени и да се ставени на располаѓање 24 часа. Четврта ноќ по ред продолжуваат немирите во Британија, зафаќајки повеќе региони.
„Ова континуираното насилство ќе запре. Нема да дозволиме културата на страв да живее на нашите улици“, рече Камерон.
Тој за грабежите, подметнувањето пожари и немирите во последните неколку дена ги обвини бандите кои не почитуваат авторитети и сметаат дека не се одговорни за своите постапки.