Русија става на црна листа американски официјални претставници

Русија донела одлука да им забрани влез во земјата на неколкумина американски официјални личности, како одговор на одлуката на Соединетите Држави да ги стави на црна листа сите руски претставници кои имаат врска со смртта во затвор на адвокатот Сергеј Магнитски. Според официјална Москва, американците на кои им е забранет влезот во Русија, ги кршеле правата на руски граѓани, меѓу кои и на шверцерот со оружје Виктор Бут, на кого ќе му се суди во Соединетите Држави.