3-ца загинати во нередите во Бирмингем

Три лица загинале во изминатата ноќ за време на нередите во централниот англиски град Бирмингем, обидувајки се да ги заштитат своите имоти. Полицијата уапсила едно лице, кое е осомничено дека со автомобил прегазило три лица, од кои две им подлегнале на повредите на самото место, додека третиот починал во болница. Околу 200 лица од азијската заедница во Бирмингем се собрале денеска пред болницата, каде што биле однесени жртвите, јави Би Би Си. Четврта ноќ по ред во неколку градови во Англија беснеат нереди и грабежи.