20-тина милитанти убиени во Пакистан

Најмалку 20 милитанти, вклучувајки и странци, биле убиени во ракетен напад со американско безпилотно летало во пакистанскиот регион Северен Вазиристан. Агенциите јавуваат дека најмалку 16 од убиените милитанти биле авганистанци, поврзани со анти-американската мрежа Хакани, а другите локални талибанци, како и арапи и узбекистанци.