Одбележување на 10 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

Кај Љуботенски Бачила денеска ќе биде одбележана десет годишнината од загинувањето на 8-те македонски бранители. Делегација на Владата составена од министерот за здравство Никола Тодоров, заменик министерот за одбрана Емил Димитриев и директорот на Агенцијата за спорт и млади Диме Спасов ќе положи цвеќе на споменикот на бранителите во село Љубанци и во касарната Илинден. Додека пак делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија ќе положат цвеќе пред спомен обележјата во Волково, Љубанци и во касарната Илинден.
Делегација на општина Ѓорче Петров ќе положи цвеќе на споменикот во Волково, а претставници на ВМРО-ДПМНЕ пред споменикот во Љубанци и во касарната Илинден.