Американските берзи денеска бележат раст

Американските берзи го почнаа денешниот ден со раст. Индексите Дау(Dow) и С и П(S&P) порасна за 1,2 отсто, а Насдак(Nasdaq) порасна за 1,5 отсто во првите минути по отворањето. Денешниот раст доаѓа по вчерашниот тежок ден за берзите. Берзантските индекси вчераа паѓаа на првиот ден на тргување, откако во петокот агенцијата Стандард и Пурс(Standard & Poor's) го намали кредитниот рејтинг на САД, од ААА на АА+.