НАТО негираат дека убиле цивили при нападите во Либија

уништени куќи по нападите на НАТО во Либија

Од НАТО соопштуваат дека нивните напади врз либискиот град Злитен се „легитимни“ и дека нема докази дека при нападите загинале 85 селани, како што тврдат властите во Триполи. Од Алијансата велат дека воздушните напади биле насочени кон две поранешни фарми во близина на Злитен, кои сега се користат за воени цели од страна на војниците лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи.
НАТО превземаат екстремни мерки на претпазливост за да не им наштетат на невините цивили кои живеат или работат во непосредна близина на местата што се напаѓаат, велат од Алијансата. Претходно портпаролот на либиската влада ги обвини силите на НАТО дека во нападите во Злитен убиле 85 цивили, меѓу кои и 33 деца.